Хроника Радовиш: Едно лице загина во сообраќајна несреќа

Радовиш: Едно лице загина во сообраќајна несреќа

Еднo лице загина во сообраќајна несреќа која утринава случила во Радовиш.

Несреќата се случила на крстосницата од булеварот „А.Македонски“ и улицата „Шампионче“, при судир на автомобил „волксфаген“, управувано од Трајчо Ј.(57) и возило „ауди“ управувано од Д.Р.(27) од Радовиш.

Во судирот тешко повреден е Трајчо Ј., кој на пат кон штипската боолницата им подлегнал на раните.