Свет Радио „Исламска држава“: Повторното објавување на карикатурата е крајно глупаво

Радио „Исламска држава“: Повторното објавување на карикатурата е крајно глупаво

Радио „Исламска држава“, денеска го оцени како „крајно глупав“ чин тоа што француското сатирично списание „Шарли ебдо“ на својата насловна страница повторно објави карикатира од пророкот Мухамед.

– „Шарли ебдо“ повторно објави карикатура на пророкот што е навредливо и е крајно глупав чин – се вели во соопштението на радиото на џихадистичка група, кое се емитува во областите под нивна контрола во Сирија и во Ирак.