Македонија Радев ги закажа вонредните избори во Бугарија за 26 март

Радев ги закажа вонредните избори во Бугарија за 26 март

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска распиша вонредни парламентарни избори, што ќе бидат одржани на 26 март, а дотогаш функцијата премиер ќе ја извршува поранешниот претседател на бугарското собрание, Огњан Герџиков, соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател.

В петок, како што е најавено, Радев ќе го распушти парламентот.

Седумдесетгодишниот Герџиков беше претседател на бугарското собрание од 2001 до 2005 година, а во моментов е професор по право и претседател на арбитражен суд.

Радев, кој стапи на функција овој месец, мораше да распише предвремени парламентарни избори бидејќи владата предводена од Бојко Борисов поднесе оставка откако нивниот претседателски кандидат ги изгуби изборите.