Македонија Работните групи утре ќе ги договараат законите

Работните групи утре ќе ги договараат законите

Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино утре ќе се сретнат за да ги договорат законите и законските измени што во наредниот период треба  да бидат одобрени во Собранието.

Последниот договор што го постигнаа четирите партии се однесува на законски измени поврзани со медиумите, ингеренциите и мандатот на опозициските министри  во преодната влада, како и на законот за МВР.