Македонија Работните групи денеска ќе разговараат за Специјалниот обвинител

Работните групи денеска ќе разговараат за Специјалниот обвинител

Партиските групи за спроведување на договорот од Пржино денеска ќе разговараат за специјалниот јавен обвинител, кој ќе има надлежност да ги истражи случаите „Прислушување“ и „Пуч“.

Тој треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието.

Според сознанијата партиите се се уште далеку од договор. ВМРО-ДПМНЕ настојува обвинителот да се избере од постоечките обвинители и во рамките на сегашниот закон, додека СДСМ е за посебен закон.