Хроника Работник загинал во фабриката „Кемет електрoник“ во Бунарџик

Работник загинал во фабриката „Кемет електрoник“ во Бунарџик

Дваесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот додека се обидувал да острани дефект на работна машина во фабриката за кондензатори „Кемет електроник Македонија“, во кругот на индустриската зона „Бунарџик“, соопшти полицијата.

Несреќата се случила вчера околу 11 часот, кога работната машина на која работел починатиот Даниел Т. паднала врз него. Од здобиените повреди тој починал на самото место.

Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот работник е предадено на Иститутот за судска медицина, за обдукција.