Хроника Работник загинал од струен удар во кругот на Железара

Работник загинал од струен удар во кругот на Железара

Педесет и петгодишниот работник Симјан С. (55) вчера, околу 11.20 часот, загинал од струен удар, додека работел на трансформатор во кругот на скопска Железара, информира полицијата.

Надлежните органи извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.