Хроника Работник загинал на патот Маврово – Галичник

Работник загинал на патот Маврово – Галичник

Горан Т. (45) од Скопје, вчеравечер го загубил жживотот додека работел на расчистување снежни наноси на местото Царевец, на регионалниот пат од селото Маврово кон Галичник.

Како што информираат од полицијата, Горан Т. бил прегазен од работна машина.

На местото на несреќата бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на работникот било пренесено во Медицинскиот центар во Гостивар за обдукција.