Хроника Работник пронашол артилериска граната во Битолско

Работник пронашол артилериска граната во Битолско

Вчераутро, во Секторот за внатрешни работи Битола, работник пријавил дека пронашол артилериска граната со калибар од 75 милиметри, информираат од полицијата.

Според пријавата, граната била пронајдена при изведување градежни работи на железничката пруга.

Екипа на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола ја подигнала граната за понатамошна постапка.