Македонија Работна средба за Македонија и Првата светска војна

Работна средба за Македонија и Првата светска војна

Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) денеска одржа работна средба на тема „Македонија и Првата светска војна, означување на историјата за придонес кон локалниот развој во рамки на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија“ .

Целта на средбата, која ја отвори француската амбасадорка Лоранс Оер, беше сите кои работат на оваа тема да разменат мислења и да разговараат за идни заеднички активности.

Ова е продолжување на иницијативата и на првата средба која се одржа во Каен, Нормандија, во октомври 2014 година.