Македонија Работилница за меѓународно хуманитарно право и за човекови права

Работилница за меѓународно хуманитарно право и за човекови права

Суд

Работилница за меѓународно хуманитарно право и за човекови права ќе почне денеска во Скопје, во организација на Институтот за геостратегиски истражувања и за надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и на Амбасадата на Италија.

Работилницата, како што е најавено, ќе ја отворат министерот за надворешни раоти, Никола Попоски, амбасадорот на Италија во земјава, Ернесто Масимино Белели, и директорот на Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо, Фаусто Покар.

Во рамки на работилницата, која ќе трае до 21 ноември, денеска ќе биде потпишан Меморандум за сроаботка помеѓу Институтот за геостратегиски истражувања и за надворешна политика при МНР и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо, Италија.