Македонија Работилница на УНФПА за млади во Гевгелија

Работилница на УНФПА за млади во Гевгелија

Младите дебатираа, изнесуваа факти и зборуваа за приоритетите

Вчеравечер во Гевгелија се одржа првата работилница од караванот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“.

Младите дебатираа, изнесуваа факти и зборуваа за приоритетите на кои треба да се работи за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации.

Квалитетни работни места, подобро образование, подобри здравствени услуги и зачувување на животната средина, се, според младите од Гевгелија, приоритетни теми на кои треба да се работи.