Македонија Путин: Стабилноста на Македонија е интерес на Русија

Путин: Стабилноста на Македонија е интерес на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија и оти стабилноста на Македонија е во интерес на Русија.

Путин денеска во Москва прими акредитиви од 13 нови амбасадори, меѓу кои и на македонскиот дипломат Гоце Карајанов.

– Длабоки историски корени, културна и духовна блискост, тоа е тоа што ја поврзува Русија со Република Македонија. Ние внимателно го следиме сегашниот развој на ситуацијата и сведоци сме на тешкотиите со кои се соочува македонското водство. Русија ги поддржува македонските лидери и нивните напори за нормализација на политичката ситуација во земјата. Во наш интерес е стабилна и просперитетна Македонија – рекол рускиот претседател примајќи ги акредитивите.