Свет Свет Путин: Санкциите се пречка за нормализација на односите со Јапонија

Путин: Санкциите се пречка за нормализација на односите со Јапонија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека санкциите кои Запад ги воведе кон Русија претставуваат пречка за разговорите за мировен договор со Јапонија.

Путин во интервју за јапонскиот весник „Јомијури“ пред состанокот со премиерот Шинзо Абе на 15 и 16 декември изјави дека сака да разговараат за заедничките активности во врска со спорните Курилски Острови.

Според неговите зборови, Русија е подготвена да го изврши својот дел од работата за подобрување на односите со Америка, кога администрацијата ќе ја преземе новоизбраниот претседател Доналд Трамп.