Свет Европа Путин: Полицијата да ги спречи „срамните“ политички убиства

Путин: Полицијата да ги спречи „срамните“ политички убиства

Владимир Путин денеска изјави дека Русија мора да се справи „со срамот и со трагедијата“, како што е убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, а полицијата да ги реши политичките убиства.

На средбата со претставниците на руското министерство за внатрешни работи, Путин укажал на штетата за репутацијата на Русија од убиството на владиниот критичар Немцов, кој во петокот е застрелан на само неколку метри од Кремљ.

– Најсериозно внимание мора да биде посвети на злосторствата од висок профил, вклучувајќи ги оние кои имаат политички призвук – рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, ѝ наредил на полицијата „веднаш да реагира на кој било сигнал за екстремистички акт“ и да преземе чекори за спречување екстремизам.