Свет Путин нареди повлекување на руските сили од Сирија

Путин нареди повлекување на руските сили од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на руските сили да почнат повлекување од Сирија.

– Им наредувам на министерот за одбрана и на шефот на Генералштабот да почнат со повлекување на руските сили во нивните бази – рече Путин за време на денешната најавена посета на базата Хмеимим во сириската провинција Латакија, прв пат по нејзиното формирање.

Путин се сретнал со сирискиот претседател Башар ал Асад и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгун, по што заминал за Каиро, на разговори со египетскиот колега, Абдел Фатах ал Сиси за проширување билатералните односи и за регионалните прашања.

Русија воено го поддржуваше Асад во војната во која загинаа стотина илјади лица, а милиони се раселени откако почна конфликтот во 2011 година.