Свет Европа Путин најави зајакнување на војската

Путин најави зајакнување на војската

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија мора да ги зајакне своите вооружени сили за да го заштити својот суверенитетот од другите земји кои би можеле да ѝ се заканат на Москва.

Коментарот на Путин е потврда дека е подготвен за спроведување на програмата за модернизација на вооружените сили.

– Ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата војска и воена организација во целина за да создадеме модерна, мобилна и добро опремена армија, способна за извршување на главната задача – да ги неутрализира заканите – рече Путин, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат да ја потчинат Русија и Западот за соборување на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович.