Свет Путин и Салман разговараа за катарската криза

Путин и Салман разговараа за катарската криза

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и владарот на Саудиска Арабија, кралот Салман, телефонски разговарале за катарска криза, соопшти Кремљ.

„Дипломатскиот судири меѓу Катар и одредени арапски нации, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија, не помагаат во напорите за пронаоѓање решение за ситуацијата во Сирија, ниту во борбата против тероризмот“, стои во соопштението на Кремљ.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет минатата недела ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја таа држава за поддржување на исламистичките екстремисти и на Иран, нивниот долгогодишен непријател, додека официјална Доха ги отфрли обвинувањата како неосновани.