Свет Балкан Путин: Грција нема побарано финансиска помош од Русија

Путин: Грција нема побарано финансиска помош од Русија

Атина формално нема побарано финансиска помош од Москва за враќање на својот долг, изјави рускиот претседател Владимир Путин, по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва.

– Грчката страна не нè контактирала со никакво барање за помош – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија ќе ѝ помогне на Грција во справувањето со долгот.

Русија директно нема да ѝ помогне на Атина во исплаќање на долгот, но Москва би можела да помогне со купување грчки државен имот кој ќе биде приватизиран или со други инвестициски проекти, како што е „Турски тек“, рече Путин.