Свет Европа Путин: Чесно го добивме Мундијалот 2018

Путин: Чесно го добивме Мундијалот 2018

По бројни обвиненија на сметка на Меѓународната фудбалска федерација и на Русија, се огласи и рускиот претседател Владимир Путин, кој тврди дека 100 отсто е сигурен дека неговата земја на чесен начин ја добила организацијата на Светското фудбалско првенство во 2018 година и порача дека на претседателот во заминување на ФИФА, Сеп Блатер, треба да му се додели Нобелова награда.

– Немаме дилема, ние сме сигурни дека на чесен начин ја добивме организацијата на Мунидијалот 2018. Што се однесува до Блатер, тој е почитуван човек, неговиот хуманитарен придонес е огромен и заслужува Нобелова награда – рече Путин на годишната конференција за медиуми во Москва.

Тој се задржа и на проблемот со допингот во спортот, по суспензијата на Атлетскиот сојуз на Русија поради недозволени активности.

– Одговорноста за допингот треба да биде индивидуална, а спортските претставници во сите меѓународни организации треба да се борат против допингот – порача Путин.