Свет Путин бара итен прекин на воените дејства во Јемен

Путин бара итен прекин на воените дејства во Јемен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со иранскиот лидер Хасан Рохани повикал на „итен прекин на воените дејства во Јемен“, соопштиле од Кремљ, пренесуваат агенциите.

Ситуацијата во Јемен се заостри откако вчера Саудиска Арабија изврши воздушни напади над позициите на шиитските бунтовници Хути, кои изминатите месеци зазедоа поголеми делови од Јемен.

Воздушните напади денеска ги осуди официјален Техеран, од каде воените операции ги окарактеризира како „агресија поддржана од САД“.

Од друга страна, Арапската лига денеска даде полна поддршка за воената кампања, која ја предводи Саудиска Арабија против Хутите во Јемен.