Македонија Пуштена во употреба Детската клиника во Козле

Пуштена во употреба Детската клиника во Козле

Детската клиника во Козле е пуштена во употреба. Клиниката се градеше три години и се простира на 6.500 квадратни метри.

Инвестицијата вреди 8 милиони евра, а новата инфраструктура на болницата ќе овозможи повисок стандард на здравствени услуги.

Клиниката е изградена на местото на старите бараки, кои беа донација од Шведска, по земјотресот.