Македонија Пуштена е во употреба реконструираната улица Јордан Мијалков

Пуштена е во употреба реконструираната улица Јордан Мијалков

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и премиерот Никола Груевски денеска официјално ја отворија за сообраќај улицата Јордан Мијалков. Сообраќајницата во изминатиов период се прошируваше и се реконструираше на потегот од крстосницата со улицата Герман до раскрсницата со улицата Павел Шатев.

– По проширувањето, оваа сообраќајница доби три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, улично осветлување, сервисна коловозна лента со паркиралиште широка 6 метри, со должина од 200 метри, и тротоар покриен со бехатон-плочки. Реконструкцијата на улицата Јордан Мијалков беше искористена за да се постави нова атмосферска канализација, а се изврши и реконструкција на постојната водоводна и фекална мрежа – истакна градоначалникот Трајановски.

Улицата Јордан Мијалков е проширена во должина од 750 метри, а проширувањето се изведуваше по левата страна.