Македонија Пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега на Клиника за детски...

Пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега на Клиника за детски болести

Денеска е пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести.

„Одделот за интензивна нега ќе работи со истиот капацитет како и досега, со можност да се зголеми со нови вработувања на медицински персонал, со што ќе се испочитуваат високите стандарди на згрижување на најтешко болните деца и ќе се гарантира безбедноста на пациентите“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.