Свет Европа Пуштен од притвор еден од осомничените за нападите во Брисел

Пуштен од притвор еден од осомничените за нападите во Брисел

Белгиското обвинителство го пушти од притвор новинарот Фејсал Шефу кој беше осомничен за учество во терористичките напади кои се случија минатата недела во Брисел.

Неодстаток на докази била причината Шефу да биде пуштен на слобода.

Во извештајот на државниот обвинител стои дека „индикациите кои довеле до апсење не биле доволни“.

Шефу беше уапсен во четвртокот навечер во автомобил пред обвинителството во Брисел поради сомневање дека тој е човекот со белата јакна и црна капа од сликата на аеродромот, веднаш до двајцата мажи во црни облеки, кои се саморазнесоа.

Во меѓувреме, белгиската министерка за здравство, објави дека дека 96 лица и натаму остануваат во болниците по бомбашките напади од 22 март во Брисел кога загинаа 35 лица.