Македонија Пуштен е во употреба новиот парк во Аеродром

Пуштен е во употреба новиот парк во Аеродром

Премиерот Никола Груевски и градочаналникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска официјално го пуштија во употреба новиот деветти парк во општината, кој се наоѓа спроти „Мајчин дом“.

Новиот парк се простира на површина од 3.000 квадратни метри и содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и со водопади, река и детско игралиште. Во паркот се задржаа постојните дрвја, кои се наоѓаа на оваа локација, и дополнително е збогатен со ново зеленило и со цвеќе. Водените површини во паркот се осветлени со рефлектори, што ќе го дополнат амбиентот навечер.

Вредноста на инвестицијата за новиот парк е околу 30 милиони денари.