Свет Пукотници во Малме, едно лице повредено

Пукотници во Малме, едно лице повредено

Едео лице настрадало во пукање во трговски центар во шведскиот град Малме, јавуваат медиумите.

Повредениот е хоспитализиран, но засега нема информации за неговата состојба.

Во моментов никому не му е дозволено да го напушти трговскиот центар во квартот Розенгард, во кој се сместени голем број продавници, ресторани и голем супермаркет.

Непознато е, исто така, дали има приведени во врска со инцидентот до 18 часот по локално време.

Полицајците зборувале со сведоци, а во потрага по можно оружје и по напаѓачот се користат и специјално дресирани кучиња.

Малме и особено квартот Розенгард во последните години се сцена на зачестени вооружени напади, за кои се верува дека се пресметка меѓу банди од подземјето. Од минатото лето полицијата го засили своето присуство во областа, по низата бомбашки напади.