Подглавна секција Пукање во метро станица во Њујорк: 13 лица се повредени

Пукање во метро станица во Њујорк: 13 лица се повредени

Photo by Benjamin Voros on Unsplash

Најмалку 13 лица се повредени при пукањето во метро станица во Бруклин, Њујорк. Луѓето биле застрелани во инцидент што се случил од лице коешто носело гас-маска и побегнало од местото на настанот, јавува Би-би-си.

Си-ен-ен пренесува дека пукањето се случило околу 8:30 часот наутро, а во метро станицата експлодирало средство за испуштање чад. Граѓаните надвор од станицата забележале чад, по што повикале полиција и противпожарна екипа.

Полицијата на Њујорк и портпаролот на њујоршкиот градоначалник Ерик Адамс ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат локацијата помеѓу 36-тата улица и 4-тата авенија во Бруклин. Метро возовите коишто сообраќаат преку метро станицата во Бруклин каде што се случи инцидентот се сопрени.