Дописници Жител на Велешта ранет во престрелка во Струга

Жител на Велешта ранет во престрелка во Струга

А.Н. (53) од струшкото село Велешта добил повреди во градниот кош, по што е пренесен во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите, префрлен е во Ургентен центар во Скопје, информираше полицијата откако денеска во Струга едно лице беше повредено со огнено оружје, пиштол, во спорскатата обложувалница „Спортлајф“.

Настанот се случил денеска во 12.40 часот, на улицата Маршал Тито. Од засега непознати причини, дошло до пукање во ходникот, каде е забележан повредениот А.Н., а веднаш до него и огнено оружје, пиштол марка „берета“, калибар 9 милиметри.

Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расветлување на сите аспекти на овој настан.