Македонија Пукање во Тетово, еден починат

Пукање во Тетово, еден починат

Еден загина, а тројца се потешко повредени во вечерашната крвава расправија во ресторан во  Тетово.

Според информациите од МВР, по кавга во ресторан, еден од осомничените излегол и по половина час се вратил со автоматска пушка, со која рафално стрелал во кафеаната.

По пукањето четворица повредени итно биле пренесени во болницата во Тетово, каде едниот подлегнал на повредите.

Истрагата е во тек.