Свет Европа Пукање пред британскиот парламент – има и жртви

Пукање пред британскиот парламент – има и жртви

Истрели од огнено оружје се слушнати пред британскиот парламент во Вестминстер, Лондон, јавуваат светските медиуми.

Како што јавува британскиот весник „Телеграф“, застрелан маж лежи пред зградата на Парламентот, додека двајца други се повредени.

Според очевидци, автомобил прегазил пет пешаци, пред да се удри во орградата на парламентот. Исто така, одредени медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори јавуваат дека маж со нож се шетал на плоштадот пред парламентот.

Поради инцидентот Парламентот е затворен.

Се очекува полицијата да излезе со повеќе детали.

v