Свет Балкан Пукање пред американскиот конзулат во Истанбул

Пукање пред американскиот конзулат во Истанбул

Двајца вооружени напаѓачи отвориле оган пред американскиот конзулат во Истанбул, а потоа побегнале, по што полицијата возвратила на пукањето, јави турски „Си-Ен-Ен“.

Според новинската агенција „Цихан“, напаѓачи биле еден маж и една жена. Според досегашните информации, во нападот нема загинати, ниту повредени.

Турција од минатиот месец е во состојба на зголемена готовност, кога почна „синхронизирана војна против тероризмот“, која опфаќа воздушни напади на борците на Исламска држава во Сирија и курдските милитанти на северот на Ирак.