Свет Пукање на концерт во Њујорк – еден загинат и тројца повредени

Пукање на концерт во Њујорк – еден загинат и тројца повредени

Едно лице загина, а три се повредени при пукање во њујоршката сала „Ирвинг Плаза“ во која раперот Ти Ај требаше да одржи концерт.

Њујоршката полиција соопшти дека 34-годишен маж бил прострелна во градите, а 33-годишен маж бил прострелан во стомакот, но не прецизира кој од нив е напаѓач, а кој е жртва.

Истовремено, 26-годишна жена се здобила со прострелна рана во ногата, додека друго лице самиот побарал помош во болница.

Засега нема уапсени во инцидентот.