Свет Европа Пукање и заложничка драма во Штутгарт

Пукање и заложничка драма во Штутгарт

Извештаи за неидентификувано вооружено лице предизвикаа голема полициска операција во германскиот град Штутгарт, јавуваат локалните медиуми, додавајќи дека е можно да има заложничка ситуација.

Интернет-изданието на весникот „Билд“, повикувајќи се на полициски извори, јавува дека вооружено лице упаднало во зграда во источниот дел на Штутгарт, во која наводно се сместени адвокатски компании.

Жена која живее во соседна куќа тврди дека видела како мажот влегува во зградата и ја повикала полицијата.

Безбедносните сили веднаш се распоредиле во околината и го сопреле железничкиот сообраќај во близина на зградата, која се наоѓа меѓу „Рухбанк“ и железничката станица Олгаек.