Македонија Психо-социјална поддршка и креативни работилници за излез од семејно и родово базирано...

Психо-социјална поддршка и креативни работилници за излез од семејно и родово базирано насилство

Оваа групна поддршка е наменета за полнолетни жени и девојќи кои имаат потреба од помош во справување со последиците од преживеаното насилство и за превенција од развој на потешки ментални нарушувања, подобрување на емоционалната и физичка добросостојба и враќање на контролата врз својот живот. 

Фото. Националниот совет за родова рамноправност

Советувалиштето при Националниот совет за родова рамноправност ќе организира повеќе типови на бесплатни услуги со цел да го поддржи и овозможи развојот на жените. Едена од овие програми вклучува индивидуална психо-социјална поддршка и консултации со психолог за жени кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство.

Понатаму, се обезбедува и групна психо-социјална поддршка за жени кои имаат преживеано трауматски настан, како и за оние кои имаат потреба и желба да работат на својот личен развој преку креативен израз. Овие отворени работилници со експресивна арт терапија се наменети за сите полнолетни жени кои сакаат да се изразат и истражат преку креативни активности, со цел да ги подобрат своите емоционални состојби. Исто така, овозможуваат истражување на моментални доживувања и прашања, изразување на емоции и откривање на нови начини на изразување, без потреба за вербално споделување со другите учесници.

Учеството во работилниците кои ќе се одвиваат во 4 фази под водство на психолог-практичар на експресивна арт терапија, е бесплатно, а се ќе одвиваат секоја среда од 08:00 – 09:30 или 17.00 – 18.30.  Заинтересираните можат да се пријават преку следниот линк https://forms.gle/zaARZB1VciTgLSZK8

Исто така, Советувалиштето објавува и повик за учество во групна психо-социјална поддршка за жени кои преживеале насилство. Оваа групна поддршка е наменета за полнолетни жени и девојќи кои имаат потреба од помош во справување со последиците од преживеаното насилство и за превенција од развој на потешки ментални нарушувања, подобрување на емоционалната и физичка добросостојба и враќање на контролата врз својот живот.

За учество во групата е потребна пријава на следниот линк https://forms.gle/QPKoTd91jpHukz386  или телефонскиот број 02 3134 390 по што ќе биде одржано интервју со секоја пријавена учесничка.

Советувалиштето се наоѓа на ул. 11 Октомври, во близина на  Градска болница во Центар.