Македонија Први септември е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед

Први септември е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со законот за празниците 1 септември (петок) е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед во Македонија, поради првиот ден на Курбан-бајрам .

Истовреме, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан-бајрам.