Македонија Прва седница на комисијата за импичмент на Иванов

Прва седница на комисијата за импичмент на Иванов

Денеска во 11 часот, во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.

Сè уште не се знае дали пратениците од коалицијата на СДСМ ќе учествуваат во работата на оваа комисија, затоа што тие, иако ја поднесоа иницијативата за импичмент на Иванов, на пленарната седница не гласаа за формирање на комисијата.

Од опозицијата рекоа дека со одлуката оваа комисија да има 11 членови, од кои шест од ВМРО-ДПМНЕ, грубо е прекршен деловникот.

Опозицијата оваа одлука ја обжали и на Управен суд.