Македонија Прва академија за отворени податоци во Скопје

Прва академија за отворени податоци во Скопје

Во Скопје овие два дена се одржува серија работилници за користење т.н. „отворени податоци“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамките на мрежата ACTION SEE (Accountability, technology and institutional openness network in South-East Europe), која е формирана како резултат на соработка меѓу организациите од областа на информатичката и на комуникациската технологија и од областа на човековите права од регионот (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија).

Обуките, на кои присуствуваат активисти и ИКТ-експерти, се состојат од запознавање со концептот на отворени податоци, размена на искуства и градење специфични проекти базирани врз отворени податоци.

Обуката ја водеа Дона Џамбаска од „Метаморфозис“ и Тин Гебер од „Енџин рум“ (The Engine Room).

Процесот не завршува во Скопје, туку продолжува во регионот, а групите ќе имаат можност да се сретнат и да работат со странски експерти.