Свет Европа Прв случај на вирусот зика кај трудница во Европа

Прв случај на вирусот зика кај трудница во Европа

Во Шпанија е потврден првиот случај на трудница заразена со вирусот зика, што е прв таков случај во Европа, пренесува „Би-Би-Си“.

Дијагнозата е утврдена кај трудница која неодамна се вратила од Колумбија, каде, како што се верува, била заразена со вирусот.

Станува збор за вирус што го пренесуваат комарците и кој брзо се шири. Се појави во Бразил во октомври минатата година, каде е регистриран и зголемен број на микроцефалии кај деца.

Засега не постои лек, ниту вакцина против болеста што ја предизвикува вирусот зика. Се лекуваат симптомите на инфекцијата, која потсетува на грип.

Вирусот е идентификуван во 1947 година во шумите на Уганда и досега е распространет на подрачјето на Азија и на Африка, каде има најмногу комарци, но сè до минатата година не се сметало дека може да предизвика сериозни последици.