Македонија Прв конгрес на физиотерапевтите на Македонија

Прв конгрес на физиотерапевтите на Македонија

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе почне Првиот конгрес на физиотерапевтите на Македонија, во организација на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија (ЗФРМ).

Конгресот треба да придонесе за информирање и пренесувањето на новите светски достигнувања на физикалната терапија и рехабилитација, а воедно да го презентира напредокот на македонските физиотерапевти.

Досега учество имаат најавено 130 физиотерапевти од Македонија и од околните балкански држави, Бугарија, Турција, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина, но и од Италија, Швајцарија и од Велика Британија.