Македонија Против грип се вакцинирале 25.580 граѓани

Против грип се вакцинирале 25.580 граѓани

Најголем број вакцинирани лица се на територијата на ЦЈЗ Скопје – 5.089

Во Македонија досега со вакцина против сезонски грип се вакцинирани вкупно 25.580 лица и потрошени се исто толку вакцини, од вкупно набавените 26.650, соопштија од Инстиутот за јавно здравје.

Најголем број, 20.091 или 77,6 проценти од вакцинираните лица, се припадници на ризичните групи (повозрасни од 65 години и на возраст до 64 години со историја на некое хронично заболување), во возрасната група од 18-64 години без историјат на хронични заболувања, вакцинирани се 4.999 лица, 715 припаѓаат на категоријата здравствени работници, 62 лице се на возраст од 10-18 години без хронични заболувања и 13 се деца на возраст од 24 месеци до 9 години. Нема вакцинирани бремени жени и деца од 6-23 месеци старост.

Најголем број вакцинирани лица се на територијата на ЦЈЗ Скопје – 5.089, ЦЈЗ Битола – 2.177, во ЦЈЗ Тетово – 1.989, ЦЈЗ Прилеп – 1.612, ЦЈЗ Охрид – 1.370, во ЦЈЗ Куманово – 1.226 и во ЦЈЗ Струмица – 1.135 лица.