Македонија Протест за прикривањето на убиството на Нешковски во 18 часот пред Владата

Протест за прикривањето на убиството на Нешковски во 18 часот пред Владата

На социјалните мрежи има повик денеска, во 18 часот, пред Владата, да има протест за искажување на незадоволството од прикривањето на смртта на Мартин Нешковски. На протест повикува група која беше дел од протестите против полициската бруталност во 2011 година.

Во 29. „бомба“ што денеска ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според него, се доказите за сокривањето на вистината за Мартин Нешковски.