Галерија Протест за ослободување на Абдулфета Алими – „Правдата не е пазар“

Протест за ослободување на Абдулфета Алими – „Правдата не е пазар“

Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево под мотото „Правдата не е пазар“ се одржа протест против седумгодишната затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор поради насилството во Собранието на 27 април 2017 година, пренесува „Порталб“.

Демонстрантите се собраа на плоштадот „Скендербег“, а потоа тргнаа кон судот носејќи плакати со ликот на Алими и извици „Нема правда, нема мир“, „Правдата не е пазар“ и „Спасување човек не е тероризам“.

Протестот мина мирно, без инциденти, иако сообраќајот беше блокиран, а пред судот имаше големо полициско присуство.

Алими беше осуден поради тоа што ги отворил вратите на Собранието, а судот тоа што му помагал на тешко повредениот Зијадин Села, му го зеде како олеснителна околност.