Свет Европа Протест во Финска поради примањето азиланти

Протест во Финска поради примањето азиланти

Околу 200 Финци протестираа денеска против отворањето центар за прием на бегалци во градот Сало, некогашно седиште на телекомуникацискиот гигант „Нокиа“.

Демонстрантите сметаат дека прифатниот центар, кој е планиран во делумно испразнета болница, претставува безбедносен ризик, особено за децата и за жените.

– Сè e земено од невработените, сиромашните и од болните. Сè е испразнето. Доколку центарот се отвори, ќе дојде до пораст на даноците – рече еден од демонстрантите.

Финските власти проценуваат дека бројот на азилантите, кои претежно се од Ирак и од Сомалија, до крајот на годината може да се зголеми на 15.000, што би било за 3.600 повеќе во споредба со минатата година.