Македонија Протест на средношколците во Велес: Не за екстерно

Протест на средношколците во Велес: Не за екстерно

Ученици од велешките средни стручни училишта и од гимназијата „Кочо Рацин“, заедно со родители и со професори, денеска излегоа да маршираат во знак на протест поради новиот модел на државна матура и начинот на кој се полага екстерното тестирање, пренесе радио МОФ.

Со извикување „Не сакаме екстерно“ и „Не сакаме математика“, тие најавија дека нивните активности ќе продолжат додека не бидат слушнати нивните барања, а од понеделник активно ќе се вклучи и „Средношколски пленум“. На маршот, средношколците ги повторија барањата што им беа пратени на надлежните институции, од кои чекаат одговор.