Свет Балкан Протест на работниците од нафтената рафинерија во Фиер

Протест на работниците од нафтената рафинерија во Фиер

Еден работник во нафтената рафинерија во албанскиот град Фиер се закани дека ќе изврши самоубиство ако нему и на неговите колеги не им бидат дадени четирите неисплатени плати.

59-годишниот Агим Мурдини утрово протестирал заедно со уште 150 други работници кога зел шише наполнето со бензин и се качил на оџак на висина од 40 метри. Тој стоел таму три часа додека се одвивале преговорите со претставници од фирмата ИРТЦ, кои претходно ветиле дека ќе ги исплатат платите.

Работниците протестирале и претходните денови, но не добиле одговор од надлежните.

По преговорите кои траеја три часа, Мурдини се согласил да се симне откако му било ветено дека ќе му бидат исплатени четирите заостанати плати.