Дописници Прославен Меѓународниот ден на човековите права во Тетово

Прославен Меѓународниот ден на човековите права во Тетово

Со настапи на музички групи и со уметнички перфоманси, во Тетово беше одбележан Меѓународниот ден на човековите права.

Организатори на настанот, кој се одбележа на градскиот плоштад, беа „ЛГБТ јунајтед“ од Тетово и ромската организација „Романо авази“, кои како најдискриминирани заедници, одлучија јавно да проговорат за проблемите со кои се соочуваат.

– Боли сè уште што имаме активни кланови, говор на омраза, расизам, омраза кон жените, дискриминација кон нашите заедници – изјави Берхан Билали од организацијата „Романо авази“.

Денешниот настан беше подржан од холандската амбасада во Македонија.

– Многу сум среќен што сум денеска овде, на овој важен настан. За Амбасадата на Холандија претставува чест што ги подржува настаните за човекови права – изјави амбасадорот на Холандија во Македонија, Воутер Пломп.

На 10 декември 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја донесе првата Универзална декларација за правата на луѓето.