Економија Просечната цена на тутунот достигна 177 денари

Просечната цена на тутунот достигна 177 денари

Просечната цена на тутнот изнесува 177 денари за еден килограм и откупот се одвива во најдобар ред.

Ова денеска го истакна заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на откупните пунктови на „Сокотаб“ и на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

– Уште еднаш ги повикуваме откупувачите реално да го ценат тутунот зашто инспекоратот со зајакнати тимови будно ќе ја следи ситуацијата на теренот. Битно е навреме да се отворат и сите откупни места и релно да се откупи тутунот, реално да се процени и  тутунопроизводителите побргу да си ги добијат субвенциите за произведените 22.000 до 23.000 тони тутун – изјави Костадиновски.

Според него, изминатите четири години во Прилеп и во Кривогаштани на тутунарите им се исплатени вкупно 1,8 милијарди денари или 30 милиони евра субвенции за производство на тутун.

Од 145, моментно се отворени 67 пунктови во Македонија.