Македонија Просечната плата изнесува 21.588 денари

Просечната плата изнесува 21.588 денари

Во ноември 2014 година, просечната исплатена нето-плата по работник изнесувала 21.588 денари. Таа е зголемена за 2,5 проценти во однос на ноември 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата по вработен, во ноември 2014 година, изнесувала 31.644 денари и бележи зголемување од 2,4 отсто во однос на ноември 2013 година.

Во ноември 2014 година, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.