Свет Пророкот Мухамед на новата насловна страница на „Шарли ебдо“

Пророкот Мухамед на новата насловна страница на „Шарли ебдо“

На првата насловна страница на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ по нападот, во кој беа убиени 10 новинари и двајца полицјаци, ќе биде објавена карикатура од пророкот Мухамед, на која тој со солзи во очите држи натпис „Јас сум Шарли“ и на која пишува „Сè е простено“.

Од новото издание на „Шарли ебдо“ ќе бидат испечатени рекордни три милиони примероци, кои ќе бидат достапни во 25 земји на 16 јазици. Досега сатиричниот весник се печател во 60.000 примероци, а се продавале половина од нив.

Ришар Малка, адвокат на весникот, изјавил дека во новиот број на „Шарли ебдо“ ќе има карикатури на Мухамед, на други религии, но и на политичари.